• вторник, 12 ноември 2024

Шефот на австриската дипломатија утре во посета на земјава

Шефот на австриската дипломатија утре во посета на земјава
Скопје, 9 мај 2022 (МИА)Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија. Покрај средбата со Османи, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.  

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на Османи и Шаленберг ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.

Соговорниците ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа, како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан