• сабота, 09 ноември 2024

Шефот за безбедност на Мексико Сити повреден во обид за атентат

Шефот за безбедност на Мексико Сити повреден во обид за атентат
Мексико Сити, 26 јуни 2020 (МИА) - Шефот за безбедност на Мексико Сити, Омар Гарсија Харфуч е повреден при обид за атентат рано утрово, кога вооружени напаѓачи упаднале во општината на Ломас де Чапултепек, соопштија властите. Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум на Твитер напиша дека Гарсија е надвор од животна опасност, по нападот што се случил околу 6:30 часот, што ги вознемирил  жителите на Ломас де Чапултепек. Таа додаде дека неколку луѓе загинале и дека неколкумина се уапсени. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на прес-конференција рече дека Гарсија е повреден во нападот и дека локалните власти треба да го вратат редот во градот. паг/    

Остани поврзан