• сабота, 23 ноември 2024

Шефицата на јапонската дипломатија во посета на Израел и Јордан, планирана средба и со палестински колеги за да понуди помош од Токио

Шефицата на јапонската дипломатија во посета на Израел и Јордан, планирана средба и со палестински колеги за да понуди помош од Токио

Токио, 2 ноември 2023 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Јапонија Јоко Камикава денеска најави дека за време на претстојната посета на Израел и Јордан, ќе се сретне и со палестинските колеги и ќе ги увери Палестинците за подготвеноста на Јапонија да им пружи помош.

Камикава ја започнува својата турнеја утре, која ја почнува со средба со својот израелски колега Ели Коен. Нејзината дводневна посета на двете земји доаѓа во време на продлабочување на кризата во Појасот Газа откако Израел го нападна бегалскиот камп Џабалија, а странските државјани, вклучително и Јапонците, продолжуваат да ја напуштаат земјата.

- Се надевам дека ќе разговараме како да се справиме со оваа страшна хуманитарна ситуација во Газа, како и директно да ја искажам подготвеноста на Јапонија да продолжи да дава помош, рече Камикава за нејзиниот состанок со палестинските претставници, без да прецизира со кого точно ќе разговара од палестинска страна. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан