• вторник, 24 декември 2024

Шетландското пони Пумукел неофицијално е најмалото во светот

Шетландското пони Пумукел неофицијално е најмалото во светот

Лос Анџелес, 9 ноември 2022 (МИА) - Шетландско пони по име Пумукел, би можело да биде најмалото вакво коњче на светот, бидејќи тежи само 35 килограми. Неговата сопственичка Карола се надева дека нејзиното милениче ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмалото пони во светот, но мора да почека додека тоа не наполни четири години.

„Британскиот шетландски пони клуб“ објави дека шетландското пони обично тежи околу 120 килограми, но Пумукел со своите 35 килограми е далеку од тоа. Исто така, висок е само 50 сантиметри.

Карола го поседува понито веќе две години. На Пумукел, инаку, му било дозволено и да влегува и престојува во куќата и да појадува со својата домаќинка, објави Би-би-си.  си/ссм/

Остани поврзан