• четврток, 26 декември 2024

Шетачот на кучињата на Лејди Гага тешко ранет од разбојници

Шетачот на кучињата на Лејди Гага тешко ранет од разбојници
Лос Анџелес, 30 март 2021 (МИА) - Шетачот на кучињата на пејачката Лејди Гага соопшти дека му е отстранет дел од белите дробови, откако бил ранет во градите од маж кој се обидел да ги киднапира милениците на музичката sвезда. Рајан Фишер, одговорен за згрижување на Коџи, Густав и Мис Азија - трите француски булдози на Лејди Гага, изјави дека, сепак, брзо се опоравил по операцијата што му ја направиле поради откажувањето на белите дробови. Тој е пуштен од болница и сега е дома. Фишер ги водел на прошетка трите кучиња низ Холивуд во февруари, кога наишол на човек вооружен со полуавтоматска пушка. Напаѓачот го ранил Фишер, и заедно со неговиот соучесник киднапирале две од нив - Коџи и Густав. Третото животинче избегало, а подоцна го пронашла полицијата. Украдените кучиња биле вратени неповредени, од жена, најверојатно вмешана во настанот, која ѝ ги предала на полицијата во Лос Анџелес. Полицијата сè уште не ги идентификувала осомничените лица.  си/

Остани поврзан