• вторник, 24 декември 2024

Шест работници паднале во реката при уривањето на мостот во Балтимор, се претпоставува дека се мртви

Шест работници паднале во реката при уривањето на мостот во Балтимор, се претпоставува дека се мртви

Балтимор, 27 март 2024 (МИА) - Шест лица се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви по уривањето на мостот „Френсис Скот Ки“ во Балтимор, што вчера беше удрен од брод со контејнери. 

Официјални лица на американската крајбрежна стража и полицијата на Мериленд изјавија дека шансите исчезнатите да преживеале се исклучително мали поради ниската температура на водата и времето поминало од несреќата.

Потрагата по исчезнатите е прекината и ќе продолжи во утринските часови, соопштија властите. 

Еден од потпорните столбови на мостот бил погоден од контејнерскиот брод „Дали“, што плови под знамето на Сингапур, по што се урнале неколку сводови на мостот.

Истиот брод бил вклучен и во несреќа во белгиското пристаниште Антверпен во 2016 година, кога удрил во брегот додека се обидувал да излезе од терминалот за контејнери во Северното Море.

Инспекцијата на бродот во Антверпен во 2016 година покажа дека има структурен проблем, наведен како „оштетување на трупот што ја намалува неговата способност за пловидба“, покажуваат податоците објавени на „Еквасис“ (Equasis), јавна база на податоци за поморската индустрија.

Мостот Френсис Скот Ки, долг 1,6 милји, е крвотокот на пристаништето Балтимор. Ја премостува реката Потапско, отворен е во 1977 година и именуван според авторот на американската химна „Star Spangled Banner“. Годишно низ него минуваат 11,5 милиони возила.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан