• среда, 25 декември 2024

Шест млади парови конкурираат за јубилејната 15-та Пијанечко-малешевска свадба

Шест млади парови конкурираат за јубилејната 15-та Пијанечко-малешевска свадба
Делчево, 21 април 2021 (МИА) - Шест млади парови годинава ќе конкурираат за младоженци на годинашното издание на манифестацијата Пијанечко-малешевска свадба.
Зенил Реџепов, раководител на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево, кој е главен носител на настанот, информираше дека во конкуренција за учество на настанот влегуваат и три парови кои биле на листата на чекање од минатата година.
-Ние во моментот како организатори на јубилејното 15 издание на Пијанечко-малешевската свадба имаме пријавено три брачни парови и три брачни парови од минатогодишната листа на чекање, тоа се вкупно шест. Со сите нив ќе имаме интервју и некаде на средината на мај ќе го прогласиме парот за јубилејното издание на традиционалната манифестација, рече Реџепов.
Активностите за организација на настанот, како што додаде Реџепов, ќе се реализираат согласно условите кои ги наметнува здравствената пандемија.
-Ако е во пандемиски услови, ќе ги следиме сите протоколи за одржување на манифестацијата, но посакувам оваа пандемија да се приближи кон крајот, да се вратиме на нормалното и пак Делчево да живее со Пијанечко-малешевските свадбарски обичаи, рече Реџепов.
Минатата година 14-тото издание на Пијанечко-малешевската свадба, како придружна манифестација на „Делчево Фест“, поради пандемијата се реализираше преку он-лајн музички перформанс. вс/мд/

Остани поврзан