• среда, 25 декември 2024

Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад на градот Запорожје

Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад на градот Запорожје

Киев, 5 ноември 2024 (МИА) - Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад утринава врз градот Запорожје, на југот на Украина, соопшти регионалниот гувернер.

Тоа беше смртоносен напад врз инфраструктурен објект, напиша гувернерот Иван Федоров на Телеграм.

Тој додаде дека по ударот на тоа место избувнал пожар.

Непосредно пред нападот, се огласија сирените за предупредување за напад со балистички ракети во таа зона, каде што се наоѓа најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под руска контрола од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак преку Телеграм го повика Западот да направи повеќе за да и помогне на Украина.

„Нов руски напад во Запорожје. Има мртви и ранети. Треба да го запреме насилството со силни акции. Сојузниците треба да дејствуваат посилно“, рече тој.

Киев го обвинува Западот дека е плашлив во однос на Русија, која ги забрзува своите освојувања во источна Украина и е обвинета за распоредување севернокорејски трупи да се борат против Украина. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан