• сабота, 09 ноември 2024

Шест вида штетно однесување на мајките

Шест вида штетно однесување на мајките

Лос Анџелес, 2 ноември 2022 (МИА) - Врската на детето со мајката е можеби најважната врска во животот, бидејќи ја обликува личноста уште од раѓање и влијае на сето подоцнежно однесување кон околината. Сепак, односот на родителот не е секогаш најсоодветен, па тоа често и лошо се одразува кај младата личност, но и во зрелоста.

Имајќи предвид дека и мајките, и татковците, имаат свои слабости и силни страни, некои од нив можат да имаат особено лошо и штетно влијание на децата. Психологот Ана де Симон дефинираше шест типа штетно однесување на мајките во напис за порталот „Сајкоедвајзор“ (Psicoadvisor). Емоционална уцена Овој тип мајки, објаснува психологот, се откажува од речиси сѐ за своите деца, но за возврат бара континуирано внимание, користејќи тн. емоционална уцена по којашто детето се чувствува виновно. Ова може и „да го снижи“ другиот родител, предизвикувајќи дури и омраза кај детето кон него. Како што растат децата, тие го менуваат гневот со чувството на вина. Ќерките се во опасност да станат жртви на мајката со тоа што ја идеализираат, или пак, бегаат, за да „не станат како неа“. А пак, машките деца имаат тенденција да пројават слична зависност, како и тешкотии во организирањето на приватниот живот во зрелоста. Негативна мајка Ова е личност која секогаш размислува за лошите работи, има склоност постојано да се жали - и за најмалите работи, и секогаш ги критикува и осудува сопствените деца. - Овој вид мајки никогаш не дава комплименти, туку често се обидува и да ги обесхрабри децата. Ваквиот став кај нив предизвикува длабоко чувство на несоодветност и силна несигурност која останува во нив до полнолетството, додаде Де Симон. Жртва Вечната жртва постојано се жали на сопствениот живот и, иако не ги критикува строго своите деца, таа постојано бара поддршка од нив, ускратувајќи им го чувството на заштита што им е потребна. Така, децата се принудени да се однесуваат како родители, а тоа силно влијае на обликувањето на нивната личност. Во зрелоста, таквите деца може да бидат исклучително раздразливи, но и несигурни и полни со вина којашто ја носат во себе. Нарцисоид - Нарцисоидна мајка е горда на своите деца и е полна со очекувања од нив, бидејќи ги гледа како „продолжение“ на себе. Мајката склона кон вакво однесување очекува нејзините деца да бидат токму онакви какви што таа ги замислува и на тој начин им ја ускратува слободата на избор. Кај децата се развива силна „нарцисоидна рана“ бидејќи наскоро сфаќаат дека мајчинската љубов е условена. Во типична нарцисоидно семејно секојдневие, мајката ги става сите на свое место, учејќи ги децата дека мора да го заслужат нејзиното внимание, вели психологот. „Хистрионска“, мелодраматична мајка Тука се работи за жена што сака да привлекува внимание кон себе. Се труди максимално за својот „младешки изглед“ и често се впушта во претерано однесување коешто секогаш ги засрамува децата. Психолозите го опишуваат ова како однесување на несигурна личност која „не сака да порасне“, се плаши од улогата на мајка и се труди вечно да остане девојка. Постојана депресија - Депресивната мајка има слични одлики како мајката-жртва, но оваа „се стреми“ да не им обезбеди соодветна заштита на своите деца, кои следствено се чувствуваат напуштено, бескорисно и недоволно важни, појасни Де Симон. Додека растат, децата на депресивните мајки можат да станат апатични, анхедонисти, но и прерано созреани, или пак, напротив - зависни од мајката и длабоко емотивно незрели.

Остани поврзан