Шестнаесетите светски средби на бугарските медиуми во организација на БТА започнува во Рилски манастир
- Во Рилски манастир официјално ќе бидат отворени 16. светски средби на бугарските медиуми, организирани од БТА, а ќе продолжи во Ќустендил, јави БТА
Софија, 16 октомври 2021 (МИА) - Во Рилски манастир официјално ќе бидат отворени 16. светски средби на бугарските медиуми, организирани од БТА, а ќе продолжи во Ќустендил, јави БТА.
Тема на претстојниот форум е „Медиуми и вистина“. Програмата е поделена на четири панели - „Верата во медиумите“, „Надежта во медиумите“, „Лагата во медиумите“ и „Изборот во медиумите“. Модератори се новинарите Георги Милков, Петар Галев, Ралица Ковачева и Бојко Василев.
Светските средби на бугарските медиуми се професионален форум, чија цел е комуникација, вмрежување и воспоставување односи за соработка помеѓу бугарските новинари од целиот свет. Освен што е настан за еснафот, средбата со медиумите е и национална кауза, бидејќи обезбедува автономен простор за комуникација на медиумите на Бугарите надвор од Бугарија, како посредници во нашите заедници во странство, со претставници на државните институции, јави БТА.
Првата светска средба на бугарските медиуми беше во Софија од 23 до 25 мај 2005 година, по иницијатива на БТА. Покрај претставници на бугарските медиуми во Бугарија и во странство присуствуваа и директори и претставници на повеќе националните новински агенции.
Целта на форумот беше Бугарија да научи повеќе за бугарските медиуми во странство и вистинските проблеми на тамошните бугарски заедници. На состанокот беше одлучено да се формира Асоцијација на бугарски медиуми низ целиот свет, а за претседател беше избран генералниот директор на БТА, Максим Минчев.
Следната година средбите беа одржани во Чикаго, а во 2007 година форумот беше одржан во Рим. Форумот четирипати е одржан во Софија во 2005, 2009, 2013 и во 2014 година.
Светски средби на бугарските медиуми се одржани и во Мадрид (2008), во Виена (2010), во Хаг и во Хилверсум (2011), во Букурешт (2012), во Атина (2015), во Прага (2016), во Кишињев (2017), во Скопје (2018) при што домаќин беше МАНУ, а партнер МИА, и последните средби се одржаа во Тирана (2019).