• среда, 18 декември 2024

Шестмина уапсени во Белгија и Холандија поради наводно кршење на санкциите против Русија

Шестмина уапсени во Белгија и Холандија поради наводно кршење на санкциите против Русија

Брисел, 5 декември 2023 (МИА) - Полицијата во Белгија и Холандија уапси шест лица поради нивната наводна вмешаност во извоз на „чувствителни“ производи и технологија забранети со санкциите против Русија, соопшти денеска белгиското обвинителство.

Истрагата е покрената по дојава од неименувана американска владина агенција, се вели во соопштението на обвинителот.

Се посочува дека агенциите го истражуваат нелегалниот извоз на стоки со двојна употреба и перењето пари во САД.

Шестемина се приведени при претрес на приватни куќи и канцеларии во Белгија и Ротердам во Холандија, се наведува во соопштението. Не се именувани осомничени или компании.

Европската Унија воведе неколку рунди санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Делумно, целта е да се спречи високотехнолошките и другите производи со можна воена употреба да стигнат до руските вооружени сили. САД презедоа слични чекори. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан