• среда, 13 ноември 2024

Шестмина повредени во напад со рачна бомба врз најголемата џамија во Кабул

Шестмина повредени во напад со рачна бомба врз најголемата џамија во Кабул
Кабул, 6 април 2022 (МИА) - Рачна бомба денеска била фрлена врз најголемата џамија во Кабул, додека верниците биле на попладневна молитва, при што се повредени најмалку шест лица, соопшти локалната полиција. Се уште не е позната причината за нападот на џамијата Пул-е-Кишти од 18 век во стариот дел на Кабул. Осомничениот е во притвор, изјави портпаролот на полицијата во Кабул. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, втор за помалку од една недела во Кабул. За време на викендот беше фрлена граната на пазарот кога едно лице загина, а 59 беа повредени. Талибанските власти за нападот ги обвинија крадците кои се обиделе да извршат грабеж. паг/

Остани поврзан