• среда, 25 декември 2024

Шестмина загинати во најмасовниот руски воздушен напад на Украина досега

Шестмина загинати во најмасовниот руски воздушен напад на Украина досега

Киев, 26 август 2024 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа, а десетици се ранети во денешниот руски воздушен напад, кога беа истрелани проектили и беспилотни летала во повеќе од половина од регионите на Украина.

Како што пренесува Би-Би-Си, исто така погодена е енергетска инфраструктура, предизвикувајќи широко распространето затемнување, откако целата земја беше ставена под тревога за воздушен напад и на населението му беше наложено да се засолни.

Русија потврди дека започнала напади врз енергетската инфраструктура на Украина - една од нејзините долгорочни тактики - и рече дека сите нејзини цели биле погодени. Нападот од ракетни и беспилотни летала започна во текот на ноќта и продолжи до утрото.

Според Микола Олешчук, командант на украинските воздухопловни сили, Русија лансирала 127 проектили и 109 нападни беспилотни летала. Од нив Украина собори 102 проектили и 99 беспилотни летала, соопшти тој на апликацијата Телеграм. Олешчук го оквалификува комбинираниот напад како „најмасовниот воздушен напад“ досега.

Претходно, нападот во декември минатата година, кога 158 проектили и беспилотни летала беа истрелани врз Украина, се сметаше за најголем напад досега.

Иако главната цел на денешниот напад беше енергетската инфраструктура, според анализата на Би-Би-Си тоа беше и „обид на Москва да удри врз украинските резерви на уште еден клучен ресурс: моралот. Украинците се наелектризирани со неодамнешниот успешен упад на нивните војници длабоко на руската територија во областа Курск“.

Британскиот медиуми наведува дека со денешните напади Русија сакала „да ги врати на земја обичните луѓе во Украина“, потсетувајќи ги нив, а и политичарите во западните престолнини, дека Кремљ сè уште има предност во оваа војна. „Пораката од Москва беше: немајте заблуди, Русија сè уште може да нанесе мизерија на украинското население кога и да посака“, анализира Би-Би-Си.

Украинскиот премиер Денис Шмигал претходно денеска изјави дека во нападот биле вклучени беспилотни летала, крстосувачки ракети и суперсонични ракети.

Една од преостанатите електрани - хидроцентрала северно од Киев - беше една од најновите цели. Штетата се уште се проценува.

Русија е насочена кон енергетската инфраструктура на Украина уште од почетокот на нејзината целосна инвазија, која започна во февруари 2022 година. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан