• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Шесткратната олимписка шампионка Таураси се пензионира

Шесткратната олимписка шампионка Таураси се пензионира

Вашингтон, 26 февруари 2025 (МИА) - Шесткратната олимписка шампионка и кошаркарка на американската репрезентација Дијана Таураси објави дека става крај на својата професионалната кариера.

Четириесет и двегодишната кошаркарка призна дека во јануари 2025 година почувствувала дека не и останала енергија да се подготви за новата сезона.

- Едноставно немав сила. Тогаш сфатив дека е време да заминам. Ментално и физички бев едноставно исполнета. Тоа се најдобрите зборови што можам да ги употребам за да го опишам чувството. Заситена сум и среќена, изјави Таураси за американските медиуми.

Американката е единствена шесткратна олимписка шампионка во екипните спортови во историјата и најтрофејната спортистка во олимписката кошарка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан