• понеделник, 23 декември 2024

Шести Самит Европска Унија - Африканска Унија

Шести Самит Европска Унија - Африканска Унија
Брисел, 17 февруари 2022 (МИА) - Во Брисел денеска ќе се одржи Самит на европските и африканските лидери посветен на обнова на партнерството и зголемување на инвестициите во Африка. Повеќе од 70 европски и африкански лидери ќе присуствуваат на Самитот на Европска Унија и на Африканска Унија. Самитот се одржува во време кога ЕУ се обидува да ги зацврсти своите позиции на соседниот континент во услови на жестока конкуренција од Кина на ЕУ. Учеството на шестиот Самит на ЕУ - АУ го потврдија 40 африкански претседатели и премиери, кои заедно со европските претставници ќе учествуваат во седум тркалезни маси, наместо на една пленарна сесија, со цел, како што тврдат организаторите, за да се постигне „повистинска и подлабока дискусија за клучните теми од соработката меѓу ЕУ и Африка“. На Самитот ЕУ - АУ ќе се разговара и за економскиот раст, климатските промени, миграцијата и безбедноста. ми/

Тагови

Остани поврзан