• четврток, 26 декември 2024

Шестгодишно момче спасено под урнатините два дена по земјотресот во Индонезија

Шестгодишно момче спасено под урнатините два дена по земјотресот во Индонезија

Џакарта, 23 ноември 2022 (МИА) - Шестгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави денеска пожарникар вклучен во спасувањето.

- Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур , околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникарот Аман Ријанто.

„Тој сè уште дишеше. Му благодарам на Господ што беше жив, веднаш доби медицинска помош“, рече тој.

Меѓу загинатите во земјотресот има и многу деца кои по училиштето посетувале часови по веронаука во џамиите, соопштија официјални лица. Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур се уште се водат како исчезнати. Повеќе од 1.000 луѓе се повредени, а 58.000 се раселени. Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето кое затрупа куќи и луѓе. Повеќе од 2.300 згради и домови се оштетени во земјотресот. паг/  

Остани поврзан