Шеста жртва на коронавирус во Италија
- Во Италија е регистриран шестиот смртен случај од коронавирус, а станува збор за жена која боледувала од канцер.
![Шеста жртва на коронавирус во Италија](https://new.mia.mk/index.php/images/20221103162827_big_730x400_12.webp )
Рим, 24 февруари 2020 (МИА) - Во Италија е регистриран шестиот смртен случај од коронавирус, а станува збор за жена која боледувала од канцер.
Таа вчера е префрлена во болница во Бреша, вториот по големина град во областа Ломбардија, каде било утврдено дека е заразена со новиот коронавирус.
Тоа е петта жртва во областа Ломбардија, а едно лице почина во областа Венето.
Шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави денеска дека 219 лица во Италија се заразени со Ковид-19. гт/