• сабота, 23 ноември 2024

Шеснаесет загинати во израелски напад врз училиште во Нусејрат

Шеснаесет загинати во израелски напад врз училиште во Нусејрат

Газа, 6 јули 2024 (МИА) – Во израелски напад врз училиштето Јауни во бегалскиот камп Ал-Нусеират во централниот дел на Појасот Газа денеска загинаа 16 Палестинци, соопшти канцеларијата за медиуми на Хамас.

Во соопштението се наведува дека повеќе од 16 лица загинале, а 75 се повредени во нападот врз училиштето управувано од УНРВА во бегалскиот камп Нусејрат, во кое се сместени приближно 7.000 лица, објави Ал Џезира.

Од почетокот на војната, Израел бомбардирал повеќе од 17 училишта и центри за раселување и засолништа во бегалскиот камп Нусејрат, се наведува во соопштението.

Канцеларијата за медиуми во Газа додава дека во Појасот функционираат само две болници и дека тие не се во можност да даваат здравствени и медицински услуги поради пренатрупаноста и зголемувањето на заразните болести.

Бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа по израелската војна во енклавата се искачи на 38.098, од кои повеќето деца и жени.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан