• недела, 24 ноември 2024

Шерифот кој ја допирал ТВ-судијката Гленда Хачет кај градите, поднесе оставка

Шерифот кој ја допирал ТВ-судијката Гленда Хачет кај градите, поднесе оставка

Атланта, 22 август 2023 (МИА) - Шерифот од Округот Блекли, Џорџија, САД, вчера се изјасни виновен за тоа што непристојно ја допирал познатата ТВ-судијка Гленда Хачет. Тој, исто така, поднесе оставка од функцијата што ја извршувал шест години.

Жртвата сведочеше дека шерифот Кристофер Куди ѝ ја стиснал и ја триел нејзината града во бар во хотел лани за време на конференција за спроведување на Законот. Куди рече дека се чувствува виновен пред Државниот суд на Округот Коб за прекршочното обвинение за сексуална злоупотреба и осуден е на една година условно, објавија тамошните медиуми.

- Тој така јасно ме нападна и во тој миг се чувствував толку немоќно!, изјави Хачет по рочиштето вчера. - Себеси се гледам како силна жена. Никогаш не сум била жртва и сметав дека е важно да има одговорност.

Адвокатката од Атланта, Хачет глумеше во ТВ-емисијата „Судијката Хачет“ и „Пресудата на судијката Хачет“. Таа, исто така, како правник го застапуваше семејството на Филандо Кастил, црн возач кој беше застрелан од полицаец од Минесота, инаку случај со голем интерес во јавноста.

Во јануари 2022 година, таа присуствувала како гостин на пензионирањето на шериф од Џорџија, кој ја запознал со неколку колеги. Така, еден од нив бил Куди. Хачет сведочи дека немилиот настан се случил при неврзан разговор. И нејзиниот пријател, поранешниот шериф на Округот Декалб - Томас Браун бил шокиран, ја фатил раката на Куди и ја оттргнал од жената.

Куди од 2017 година служел како шериф на Округот Блекли, рурална заедница со околу 12.000 луѓе.  си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан