• четврток, 26 декември 2024

Шекил О'Нил: НБА стана премногу чувствителна и мека

Шекил О'Нил: НБА стана премногу чувствителна и мека
Лос Анџелес, 2 септември 2021 (МИА) – Легендарниот НБА играч, Шекил О'Нил смета дека модерната лига стана премногу чувствителна и мека. - Многу, многу чувствителна. Многу мека. Има премногу политика во лигата. Го мразам овој термин, но сите велат дека ова е ерата во која живееме, затоа мора да ја прифатиме. Но, има едно нешто што нема да го прифатам, а тоа е кога добрата игра ќе се оцени како одлична. Ова нема да го дозволам. Играв со играчи како Џордан, Баркли, Мелоун, Стоктон, сите овие се одлични момци, па знам што е вистинска величина. Еднаш кажав нешто за Донован Мичел и сите почнаа да ме осудуваат. Но, тие не ме послушаа. Јас само ги набројав одличните дефанзивци со кои играв. Донован е добар кошаркар кој оди по својот пат. Но, не треба да го нарекувате одличен и наследник, потенцира О'Нил. Популарниот Шек, НБА-кариерата ја почна 1992 година во Орландо, а има играно и за Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд и Бостон. зс/

Тагови

Остани поврзан