• среда, 25 декември 2024

Шекеринска: За две и пол години направивме пресврт – 60 отсто повисока минимална плата и нови работни места

Шекеринска: За две и пол години направивме пресврт – 60 отсто повисока минимална плата и нови работни места
Кичево, 27 јуни 2020 (МИА) - За само две и пол години направивме пресврт таму каде многу малку се надеваа. Почнавме за првпат не само да зборуваме, тука да покажуваме дека само поправична држава може да биде добра држава, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата во Кичево. Како што додаде, денеска минималната плата е речиси 60 отсто повисока, а создадале и нови 60 илјади работни места. -Кога денес ВМРО-ДПМНЕ зборува за поголеми плати, пензии вратете го назад филмот како 100 пати велат дека не може. Не ги ценете според зборот туку по тоа што го направија. Ние преземаме обврска дека ќе градиме економија, која нема да се базира на минимална плата, ќе им помагаме на бизнисмените да даваат пристојни плати да расте и минималанта и просечната плата, порача Шекеринска. Шекеринска им вети на кичевци дека ќе се гради нова болница, која е во фаза на карбин повеќе од 30 години. -Одвоивме 300 милиони денари за изградба на болницата и тој проект конечно ќе започне да се гради и ќе биде завршен многу наскоро. Инвестираме и во ТЕЦ „Осломеј“, рече Шекеринска. Таа зборуваше и за изградбата на автопатот Кичево - Охрид, за која рече дека ќе биде завршена и пуштена во употреба во 2021 година. Според Шекеринска, изборот е јасен, НАТО или ЕУ или Хунзи и Белизе.
-Ретко кога имаме вака ретка разлика, од едната страната имате членство во НАТО, од другата страна имате една бела палата во центарот на Скопје. Од еднава страна имате Брисел и преговори со ЕУ, на другава страна го имате Белизе и преговори со хунзите. рз/бт/
     

Остани поврзан