• сабота, 23 ноември 2024

Шекеринска - Гуерини: Силна италијанска поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Шекеринска - Гуерини: Силна италијанска поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија
Скопје, 22 октомври 2021 (МИА) - Италија продолжува да дава силна поддршка за евроинтегративниот пат на Северна Македонија, порача италијанскиот министер за одбрана Лоренцо Гуерини на средбата со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во седиштето на НАТО во Брисел. Во контекст на одбраната, Шекеринска и Гуерини на средбата заклучија дека билатералната соработка е одлична и дека двете земји продолжуваат заеднички да учествуваат во мисијата на Алијансата на Косово и во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ. - Со учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во НАТО мисијата на Косово, ние земаме активно учество во регионот како фактор на стабилност и безбедност, рече министерката и додаде дека од идното лето, Армијата со еден штабен офицер ќе даде свој придонес и во Силите за брзо распоредување на НАТО лоцирани во Италија. Од Министерството за одбрана информираат дека Планот за билатерална соработка со Италија во областа на одбраната годинава вклучува 14 активности фокусирани на воената едукација и обуките, експертската помош и соработката во доменот на логистиката. фф/сп/

Остани поврзан