• петок, 13 февруари 2026

Шекеринска во посета на Азербејџан

Шекеринска во посета на Азербејџан

Брисел, 21 јануари 2026 (МИА) – Заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска денеска ќе престојува во посета на Азербејџан.

Како што соопшти прес-службата на НАТО, предвидено е Шекеринска во Баку да се сретне со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, со претседателката на Парламентот, Сахиба Гафарова, како и со претставникот на претседателот на Азербејџан за специјални задачи, Елчин Амирбајов.

Предвидено е, исто така, Шекеринска да има средби и со претставници на тинк-тенкови и со амбасадорите на земји членки на НАТО во Азербејџан. сп/мс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан