• четврток, 26 декември 2024

Шекеринска во посета на касарната „Илинден“, комплетно реновиран уште еден објект

Шекеринска во посета на касарната „Илинден“, комплетно реновиран уште еден објект
Скопје, 13 март 2021 (МИА)  - Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект со висока енергетска ефикасност во касарната „Илинден“. Како што соопшто Министерството за одбрана, министерката Радмила Шекеринска денеска во 10:00 часот ќе го посети овој објект во најголемата армиска касарна, по што ќе даде изјава за медиумите. Ова е втор целосно реновиран објект во оваа касарна, по објектот на армиските Ренџери, кој беше пуштен во употреба пред една недела. Објектот е со вкупна површина од околу 3.500 метри квадратни и на него е поставена нова термичка фасада, заменети се сите прозорци и врати, користени се термопан стакла, а променета е и кровната конструкција. Во објектот поставена е нова водоводна и канализациона мрежа, а реконстриурани се и санитарните јазли и кујните. Објектот има нови подови, ѕидовите се целосно обработени, а однадвор се поставени и тротоари околу објектот. Како што се наведува во соопштението на МО подобрувањето на условите за работа на припадниците на Армијата е еден од врвните приоритети на Министерството. Во касарната „Илинден“ во тек е реконструкција на трет објект, а оваа пролет ќе започне реконструкција на објектите на воената полиција. Следат се реконструкции на објекти во касарните во Штип, во Велес, во Куманово и во Тетово. ац/ фото: МИА архива

Остани поврзан