• недела, 24 ноември 2024

Шевченко по поразот од Германија: Задоволен сум, се однесувавме достоинствено

Шевченко по поразот од Германија: Задоволен сум, се однесувавме достоинствено
Киев, 11 октомври 2020 (МИА) - Селекторот на Украина, Андриј Шевченко изјави дека е задоволен од учинокот на неговиот тим на мечот од Лигата на нации против Германија. Украинците загубија со 1:2 во Киев, но играа без многу свои главни играчи, кои се под карантин. - Момчињата дадоа се од себе. Беше многу тежок натпревар со оглед на нашите кадровски проблеми и класата на противникот. Германците не само што сакаат да ја контролираат топката, туку имаат и голема брзина на крилата. До одреден степен успеавме да им се спротивставиме. Во составот имаме мочиња по 18-19 години. За нив беше важно да почувствуваат како е да се игра на толку високо ниво, да знаат кон што да се стремат. И покрај поразот, се претставивме достоинствено. Нема фудбалер од кој не сум задоволен. И стартерите и резервите. Сите се трудеа многу, изјави поранешниот напаѓач на Милан.

Тагови

Остани поврзан