• сабота, 23 ноември 2024

Шевченко нов тренер на Џенова

Шевченко нов тренер на Џенова
Џенова, 7 ноември 2021 (МИА) - Поранешниот селектор на украинската репрезентација Андриј Шевченко потпиша договор со Џенова. Договорот е со важност до јуни 2024 година. Украинецот како главен тренер на Џенова доаѓа на местото на Давиде Баладрини, кој вчера беше разрешен од функцијата. Претходно беше објавено дека Шевченко ќе заработува 1,8 милиони евра годишно во италијанскиот клуб, плус бонуси. За потсетување, 45-годишниот специјалист беше на чело на украинската репрезентација од 2016 до 2021 година. Под негово водство репрезентацијата на последното ЕП 2020 оствари историски резултат - се пласираше во четвртфиналето. По завршувањето на турнирот, Шевченко не го продолжи договорот. Како активен фудбалер, Шевченко играше за Милан од 1999 до 2006 година, како и во сезоната 2008/09. За италијанскиот клуб одигра 226 натпревари и постигна 127 голови. Во 2004 година, тој ја освои Златната топка како најдобар фудбалер на Европа. Џенова за која настапува македонскиот фудбалер Горан Пандев е 16. во Серија А со девет бода на 12 натпревари. зс/

Остани поврзан