• недела, 24 ноември 2024

Шевченко: Македонските тенисерки БЏК купот

Шевченко: Македонските тенисерки БЏК купот

Скопје, 15 април 2024 (МИА) – Спортскиот директор на Македонската тениска федерација, Горан Шевченко е задоволен од настапот на нашите репрезентативки на Били Џин Кинг купот во Вилнус, Литванија.

Македонките со три победи (Естонија, Грузија и Израел) и еден пораз (Хрватска) натпреварувањето во Втората Ефро-африканска зона го завршија на четвртото место.

- Ова беше еден од најголемите успеси на женската BJKC репрезентација. По одличниот настап во 2023 година кога се пласиравме од 3-та Европска во 2-та Евро-Африканска група за нашиот тим целта беше опстанок во оваа повисока група. Но, девојките на самиот старт против репрезентацијата на Естонија покажаа дека можат многу повеќе.     Неизвесниот меч и поразот од Хрватска не спречи да се пласираме во завршницата односно да се бориме за влез во 1-та Евро-Африканска група. Следните денови беа победите над Грузија и Израел. За време на настапот владееше одлична тимска и натпреварувачка атмосфера, изјави Шевченко.

Главни играчи во македонскиот состав беа Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска и го понесоа „товарот“, додека во составот беа и младите тенисерки: Ива Данева, Теона Андова и Ана Митевска. зс/

Фото: МТФ

Остани поврзан