• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Швјонтек нема да игра за Полска во квалификациите за Били Џин Кинг купот

Швјонтек нема да игра за Полска во квалификациите за Били Џин Кинг купот

Варшава, 2 април 2025 (МИА) - Светскиот рекет број 2, Ига Швјонтек, објави дека нема да игра за полската репрезентација во квалификацискиот циклус за купот на Били Џин Кинг.

- Донесов тешка одлука. Знам дека ова не е вест што сакаа да ја добијат навивачите, особено полските, но сепак ова е вистинската одлука за мене во овој момент. Нема да играм во квалификациите за купот Били Џин Кинг во Радом. Секогаш ја претставувам мојата земја со гордост. Минатата година дадов се што можев за мојата земја. Многу сум горда на успехот на овој тим во финалето. Стискам палци за девојките и за целиот тим, напиша тенисерката на социјалните мрежи.

Квалификациското коло на Били Џин Кинг купот ќе се одржи од 10 до 13 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан