• среда, 25 декември 2024

Швјонтек и Надал ќе настапат на дебитантскиот Јунајтед куп

Швјонтек и Надал ќе настапат на дебитантскиот Јунајтед куп

Сиднеј, 10 ноември 2022 (МИА) – Најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек и вториот светски рекет Рафаел Надал ќе ја отворат новата сезона со настап на Јунајтед купот во Австралија, соопштија денеска организаторите.

Турнирот ќе ги замени поранешните натпреварувања Хопман куп и АТП куп и ќе се игра во Бризбејн, Перт и Сиднеј.

На турнирот ќе учествуваат 18 репрезентации со по четири машки и женски претставници.

Турнирот ќе стартува на 29 декември и ќе се игра до 8 јануари.

Меѓу учесниците на дебитантскиот Јунајтед куп ќе бидат и Ник Кирјос, Каспер Руд, Александер Зверев и Каролин Гарсија. ег/

Остани поврзан