• среда, 25 декември 2024

Швјонтек во полуфинале на олимпискиот турнир, Медведев елиминиран

Швјонтек во полуфинале на олимпискиот турнир, Медведев елиминиран

 

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Полската тенисерка Ига Швјотнек се пласираше денеска во полуфиналето на олимпискиот турнир во Париз, откако Американката Даниел Колинс ѝ го предаде дуелот во третиот сет.

Швјонтек го доби првиот сет со 6:1, а Колинс беше подобра во вториот со 6:2. Полската тенисерка водеше со 4:1 во третиот сет, пред Колинс да го предаде мечот.

Најдобрата светска тенисерка во полуфиналето ќе игра против Кинвен Жен од Кина.

На машкиот олимписки турнир, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим се пласираше во, откако го совлада Русинот Данило Медведев со 6:3, 7:6.

Противник за пласман во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу Норвежанецот Каспер Руд и Аргентинецот Франциско Серундола. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан