• среда, 25 декември 2024

Швеѓаните рекоа НЕ на видео технологијата на фудбалските терени

Швеѓаните рекоа НЕ на видео технологијата на фудбалските терени

Малмо, 26 април 2024 (МИА) - Додека во добар дел од Европа видео технологијата се повеќе се користи во фудбалот, сепак нема да има ВАР судии и соби на натпреварите од Првата лига на Шведска, бидејќи така одлучиле клубовите од елитното натпреварување.

Шведскиот фудбалски сојуз имаше намера да држи чекор со светот, но демократски го послуша мнозинското мислење на „базата“ и се откажа од претходната идеја за воведување ваков вид на помош на судиите на теренот.

-Вкупно 18 клубови и два фудбалски региони се изјаснија против воведувањето ВАР во лигата и ние го почитуваме тоа. Ниту сега го предложивме, ниту, како што стојат работите, ќе го предлагаме во иднина, откри претседателот на Федерацијата, Фредерик Рајнфелт, кој беше многу разочаран, со оглед на тоа што беше најголемиот поборник за ВАР. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан