• четврток, 26 декември 2024

Шверцери фрлиле деца преку ѕидот на американско-мексиканската граница

Шверцери фрлиле деца преку ѕидот на американско-мексиканската граница
Вашингтон, 1 април 2021 (МИА) - Шверцери фрлиле две деца од Еквадор преку ѕидот висок 4,2 метри на границата меѓу САД и Мексико, објавија американските власти. Службени лица за гранична патрола ги однеле браќата од Еквадор во болница, кои биле повредени, а сега за нив се грижат американските власти, пишува Би-Би-Си.
Шефицата на патролната агенција на секторот Ел Пасо, Глорија И. Чавез изјави дека е „зачудена од начинот на кој овие шверцери минатата ноќ злобно фрлиле невини деца од 14-метарската гранична бариера“.
Американските власти сега работат со полицијата во Мексико за да ги идентификуваат луѓето кои биле видени како ги фрлаат децата. паг/
 

Остани поврзан