• четврток, 19 декември 2024

Шведското обвинителство се откажа од случајот за силување против Мбапе

Шведското обвинителство се откажа од случајот за силување против Мбапе

Стокхолм, 12 декември 2024 (МИА) - Шведското обвинителство ја прекина истрагата за силување на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе.

Случајот е затворен поради недостиг на докази.

На 14 октомври, шведската полиција започна истрага за жалба за силување што наводно се случило во хотел во Стокхолм каде што 25-годишниот фудбалер во тој момент летувал. Повредената жена го обвини Мбапе за инцидентот.

По обвинувањата за силување кон Мбапе, адвокатите на фудбалерот најавија тужба за клевета кон девојката се смета за жртва. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан