• четврток, 26 декември 2024

Шведски суд ја суспендираше одлуката за блокада на Хуавеј

Шведски суд ја суспендираше одлуката за блокада на Хуавеј
Стокхолм, 11 ноември 2020 (МИА) - Шведски суд ја суспендираше пресудата дека кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ не смее да учествува во поставување на 5 Г мрежа. „Хуавеј“ го оспори аргументот на локалното телекомуникациско тело ПТС, велејќи дека компанијата претставува безбедносен ризик за државата. Судот бара дополнително појаснување за да се оправда забраната. Поради одлуката на судот, Шведската пошта и локалното телекомуникациско тело ПТС мораа да ја одложат аукцијата на фреквенции, што треба да се одржи денеска. На 20 октомври, кога ПТС забрани „Хуавеј“ да учествува во воспоставување на мрежата 5 Г, ПТС напиша дека тие мора да обезбедат одржување на безбедноста во Шведска во согласност со новото законодавство. Судот на ПТС сега му нареди да даде дополнителни објаснувања за забраната. Во меѓувреме, „Хуавеј“ истакна дека ваквиот аргумент нема правна основа. Тие додадоа дека одлуката на ПТС, со која се забранува шведските компании да купуваат опрема од „Хуавеј“, а во исто време мора да се отстрани веќе инсталираната опрема на кинескиот производител, што ќе и нанесе непоправлива штета на компанијата. Шведска се одлучи за забраната откако Соединетите Американски Држави го зголемија притисокот врз сојузничките земји да го повлечат „Хуавеј“ од својата телекомуникациска инфраструктура. Вашингтон тврди дека Пекинг користи опрема за шпионажа на „Хуавеј“, што и Кина и компанијата го негираат. По Велика Британија, Шведска беше втора земја во Европа и прва во ЕУ што се одлучи за забрана. Шведската „Ериксон“ и финската „Нокиа“ се најголемите конкуренти на „Хуавеј“ во мрежната опрема за 5Г. паг/  

Остани поврзан