• четврток, 19 декември 2024

Шведскиот премиер сака да се сретне со Орбан во Брисел на разговори за приемот на Шведска во НАТО

Шведскиот премиер сака да се сретне со Орбан во Брисел на разговори за приемот на Шведска во НАТО

Стокхолм, 25 јануари 2024 (МИА) - Шведскиот премиер Улф Кристерсон предложи да се сретне со својот унгарски колега Виктор Орбан во Брисел следната недела за да разговараат за односите на Шведска со НАТО и други билатерални прашања.

Во писмото до премиерот на Унгарија што денеска го дистрибуираше Владата во Стокхолм, Кристерсон наведува дека ќе ја прифати и поканата добиена претходно оваа недела да се сретне со Орбан во Будимпешта „во време погодно за двајцата“.

„Се согласувам со вас дека еден поинтензивен дијалог меѓу нашите земји би бил од корист“, се вели во писмото на шведскиот премиер.

Во вторникот, Орбан го покани Кристерсон во Будимпешта за да разговара за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.

Унгарскиот парламент е на пауза до средината на февруари. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан