• четврток, 26 декември 2024

Шведска ќе испрати свои војници во Латвија и тенкови „Леопард“

Шведска ќе испрати свои војници во Латвија и тенкови „Леопард“

Стокхолм, 24 април 2024 (МИА) - Шведска ќе испрати свои војници во Латвија како дел од силите на НАТО во балтичките земји, кои се граничат со Русија и нејзиниот сојузник Белорусија, изјави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Утринава владата донесе формална одлука да ги задолжи вооружените сили да го подготват шведскиот придонес за редуцираната бригада“, рече Кристерсон на заедничката прес-конференција со неговата латвиска колешка Евика Силина.

Тој додаде дека целта е тие сили да бидат оперативни од почетокот на следната година.

„Придонесот ќе вклучува и оклопни возила и тенкови Леопард“, рече шведскиот премиер.

Шведска се приклучи на НАТО минатиот месец, станувајќи 32-та членка по една деценија неутралност, поттикната од руската инвазија на Украина.

Шведска веќе најави дека ќе испрати редуцирана механизирана бригада во мисијата на НАТО во Латвија. Конечната одлука е донесена по влезот во НАТО. Шведските вооружени сили објавија дека се работи за околу 600 војници. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 
 
 

 

 

Остани поврзан