• среда, 25 декември 2024

Шведска по четврти пат во историјата освои бронза на Светските првенства за фудбалерки

Шведска по четврти пат во историјата освои бронза на Светските првенства за фудбалерки

Бризбејн, 19 август 2023 (МИА) - Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство за жени кое се одржува во Нов Зеланд и Австралија. Во мечот за третото место, шведските фудбалерки денес во Бризбејн ја победија репрезентацијата на Австралија со резултат 2:0. 

 

Головите ги постигнаа Фридолина Ролфево 30. минута и Косоваре Аслани во 62. минута. 

 

Репрезентацијата на Шведска по четврти пат во историјата освои бронзен медал на Светско првенство. Претходно Швеѓаните го заземаа третото место во 1991, 2011 и 2019 година.

 

Во финалето на женскиот фудбалски Мундијал 2023 ќе играат Англија и Шпанија. Натпреварот ќе се одигра утре од 12 часот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан