• понеделник, 18 ноември 2024

Шведска истражува силување во кое можеби е вмешан Мбапе

Шведска истражува силување во кое можеби е вмешан Мбапе

Стокхолм, 15 октомври 2024 (МИА) - Шведското обвинителство отвори истрага за силување во локален хотел, во кое можеби е вмешан напаѓачот на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, објави „Франс прес“.

Обвинителството одби да ги именува осомничените.

На 14 октомври се појави информација дека се случило силување во хотел во центарот на Стокхолм. Мбапе пред неколку дена престојувал во истиот хотел со своето семејство, како и со поранешниот соиграч од ПСЖ, Норди Мукиеле. 

Фудбалерот ги демантираше информациите за неговата вмешаност во инцидентот.

Оваа сезона 25-годишниот Французин одигра 11 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна седум голови и една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан