• четврток, 19 декември 2024

Шведска вети 1,25 милијарди долари воена помош за Украина

Шведска вети 1,25 милијарди долари воена помош за Украина

Стокхолм, 29 мај 2024 (МИА) - Шведска денеска вети воена помош од 13,3 милијарди круни (1,25 милијарди долари) за Украина, додека Киев се бори со повеќекратното одложување на виталната западна воена поддршка во третата година од војната со Русија.

-Шведска ја поддржува Украина со нејзиниот 16-ти пакет помош, нејзиниот најголем досега вреден 13,3 милијарди круни, изјави за новинарите вицепремиерката Еба Буш. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан