• четврток, 19 декември 2024

Шведската крајбрежна стража се обидува да спречи истекување на дизел од заринкан траект

Шведската крајбрежна стража се обидува да спречи истекување на дизел од заринкан траект

Стокхолм, 23 октомври 2023 (МИА) - Шведската крајбрежна стража денеска работи на спречување на истекување на дизел од траект што вчера заринка крај јужниот брег на Шведска.

- Знаеме дека дамката во моментов се протега на повеќе од пет километри од брегот. Спасувањето на животната средина е приоритет, а тоа вклучува отстранување што е можно повеќе дизел од водата за да се зачуваат плажите што е можно повеќе, изјави координаторот на операциите за чистење.

Покрај операциите за чистење, крајбрежната стража ги истражува причините за заринкувањето и последователното излевање на горивото.

Фериботот Марко Поло на компанијата TT-Line вчера изутрина се заринка во јужна Шведска со 75 патници, кои брзо беа евакуирани.

Отворена е прелиминарна истрага бидејќи горивото се излеало до брегот.

- Бродот се заринка, а потоа го продолжи својот пат неколку километри испуштајќи гориво додека повторно не се заринка, каде што е сега, соопштија властите и додадоа дека се обидуваат да откријат колку гориво истекло. ссм

фото: FleetMon.com

Остани поврзан