• сабота, 23 ноември 2024

Швајцарците се против државно субвенционирање на медиумите

Швајцарците се против државно субвенционирање на медиумите
Берн, 13 февруари 2022 (МИА) - Швајцарците на денешниот референдум се изјаснија „за“ забрана  за рекламирање на тутунот, а ги одбија предлозите за субвенционирање на медиумите и забраната на експерименти врз животни. Околу 56 проценти од швајцарските гласачи се изјасниле „против“ субвенционирање на медиумите. Противниците предлогот го оценија како „кражба на државната каса“ и обид медиумите да станат зависни од државата, како и оти од мерките ќе профитираат големите медиумски групации. Додека 79 проценти од излезените граѓаните го отфрлија барањето за забрана на експерименти врз животните, а „за“ забрана се изјасниле само 21 отсто процент. Иницијаторите на иницијативата сакаа да се укинат експериментите со образложение дека се неетички и непотребни, но им се спротивстави моќното фармацевтско лоби, истакнувајќи дека експериментите се потребни за да се развијат нови лекови, како и дека забраната ќе предизвика голема економската штета. Во 2020 година во швајцарските лаборатории угинале повеќе од 500.000 животни. Швајцарците на денешниот референдум се изјаснија и „за“ забрана за рекламирање на тутун, бидејќи нив ги гледаат и деца и адолесценти. „За“ забрана се изјасниле 54 отсто од излезените гласачи. Новиот текст предвидува забрана на сите реклами за тутун што децата или адолесцентите може да ги видат, на пример во печатените медиуми, на плакатите или на интернет, во кината или за време на демонстрации. Истите правила важат и за електронските цигари. Рекламите што се само за возрасни, како што се електронската пошта и понатаму ќе бидат дозволени. Во Швајцарија, каде секој четврти граѓанин пуши, досега немаше строги закони за рекламирање на тутунот, пред се поради лобирањето на најголемите производители на цигари во светот, кои во земјата имаат свои седишта. На референдумите во Швајцарија гласаат 60 проценти од вкупно 5,4 милиони граѓани со право на глас.

Остани поврзан