• среда, 25 декември 2024

Швајцарско радио емитуваше програма создадена од вештачка интелигенција

Швајцарско радио емитуваше програма создадена од вештачка интелигенција

Женева, 27 април 2023 (МИА) - Швајцарската „Радиостаница 3“ (Couleur 3) денеска наутро емитуваше програма направена исклучиво со помош на вештачка интелигенција, како што објавија и на Твитер-страницата. Од овој експеримент биле исклучени само вестите.

Содржините коишто публиката можеше да ги слушне на музичкиот канал на тамошниот јавен медиум „Швајцарската радиотелевизија“ (РТС), главно се однесуваа на вештачката интелигенција и се произведени со помош на програмата „Чет-ГПТ“, којашто од крајот на минатата година го бранува светот. Гласовите на водителите претходно биле „клонирани“, како и, меѓу другото, оние на поранешните американски претседатели Барак Обама и Доналд Трамп.

Покрај тоа, станицата редовно вметнуваше наводи и потсетувања оти се работи за експеримент.

„Звучи како 'Couleur 3', но водителките се заменети со вештачка интелигенција“, истакнуваа клонираните гласови што и не се разликува од вистинските водители.

Швајцарската РТС нуди програми на сите четири официјални јазици во Швајцарија - француски, германски, италијански и реторомански јазик. си/рп/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан