• среда, 25 декември 2024

Швајцарски суд ќе го разгледа случајот против сопственикот на ПСЖ во септември

Швајцарски суд ќе го разгледа случајот против сопственикот на ПСЖ во септември
Париз, 28 април 2020 (МИА) - Швајцарски суд одреди датум за случајот против претседателот на Пари Сен Жермен и на „Беин Медиа груп“ - Насер Ал-Хелаифи и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке, пренесоа француските медиуми. Рочиштето ќе се одржи на 14 септември. Покрај Валке и Ал-Хелаифи, пред судот ќе се појави уште еден обвинет, чие име не се споменува. Двајцата се осомничени за измама, фалсификување, криминална активност и поткуп на лица. Според истрагата, Ал-Хелаифи го поткупил Валке за да ги откупи правата за емитување на натпревари од светските првенства. Според информациите, Ал-Хелаифи му дал на Валке вила во Сардинија како мито. Валке, кој е генерален секретар на ФИФА од 2007 година, беше разрешен од функцијата на 9 јануари 2018 година, а еден месец подоцна, по одлука на Арбитражниот комитет на етичкиот комитет на ФИФА, тој беше отстранет од фудбалот за 12 години. На 5 јули 2018 година, Апелациониот одбор на ФИФА го намали периодот на дисквалификација на 10 години.

Остани поврзан