• среда, 25 декември 2024

Швајцарски весник: Зеленски побарал посредништво од Швајцарија

Швајцарски весник: Зеленски побарал посредништво од Швајцарија
Берн, 26 февруари 2022 (МИА) - Угледен швајцарски весник објави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побарал од својот швајцарски колега да дејствува како неутрален посредник меѓу Украина и Русија и да помогне за прекин на огнот меѓу двете земји. Весникот Tages Angeizer објави дека барањето за швајцарскиот претседател Игнацио Касис доаѓа во контекст на претстојниот состанок на Советот за човекови права во Женева што почнува в понеделник, на кој во вторник треба да присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Извештајот не беше веднаш потврден од швајцарското Министерство за надворешни работи. Имаше посреднички напор спроведен од Швајцарија откако руските сили ја презедоа контролата врз Крим во 2014 година. зш/

Остани поврзан