• сабота, 21 декември 2024

Швајцарија одби да учествува на АТП купот

Швајцарија одби да учествува на АТП купот
Цирих, 30 декември 2020 (МИА) - Дваесеткратниот грен слем шампион Роџер Федерер, кој се повлече од Австралија опен, нема да игра во Австралија оваа година. АТП Купот ќе се одржи во Мелбурн од 1 до 5 февруари. Федерер официјално не објави дека одбива да игра на тимски турнир, но репрезентацијата на Швајцарија „исчезна“ од апликацијата. Местото на швајцарската репрезентација на турнирот ќе го пополни Канада. Канаѓаните ќе ги претставуваат Денис Шаповалов и Милош Раониќ. зс/

Остани поврзан