• среда, 25 декември 2024

Швајцарија го дефинираше „Гладоморот“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид

Швајцарија го дефинираше „Гладоморот“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид

Женева, 24 септември 2024 (МИА) - Швајцарија ја дефинираше „Големата глад - Гладомор“ во Украина во 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ од страна на поранешниот Советски Сојуз (СССР), пренесе ДПА.

„Гладомор“ во СССР уби до четири милиони Украинци во 1932 и 1933 година, а животите ги загубија и милиони Казахстанци и стотици илјади Руси.

Долниот дом на швајцарскиот парламент го усвои предлогот со 123 гласа „за“ и 58 „против“.

„Големата глад“ беше предизвикана од одлуката на советскиот диктатор Јосиф Сталин да го колективизира земјоделството, како и конфискацијата на жито, добиток и прехранбени производи во масовно ниво од населението.

Најголемата партија во швајцарскиот парламент, десничарската Швајцарска народна партија, гласаше против предлогот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан