• петок, 27 декември 2024

Швајнштајгер: Гвардиола е виновен за падот на германскиот фудбал

Швајнштајгер: Гвардиола е виновен за падот на германскиот фудбал

Берлин, 7 јули 2023 (МИА) – Поранешниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер оцени дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е еден од главните виновници за слабите резултати што изминатите години ги бележи Германија на фудбалскиот терен.

Швајнштајгер рече дека од доаѓањето на Гвардиола на клупата на Баерн Минхен, репрезентацијата на Германија почнала да го губи својот препознатлив борбен дух и да го копира шпанскиот стил на игра со голем посед на топката.

Швајнштајгер и Гвардиола две години соработуваа додека шпанскиот стратег го предводеше германскиот клуб од 2013 до 2016.

„Кога Пеп Гвардиола дојде во Баерн Минхен, кога дојде во Германија, сите верувавме дека можеме да го играме неговиот стил на игра. Некако ги загубивме нашите вредности. Ја загубивме силата во последните седум, осум години и сега повеќе сме фокусирани на прецизни додавања. Тоа е една од причините“, рече Швајнштајгер во изјава за германските медиуми. ег/паг/

ФОТО: Миа архива

Остани поврзан