• сабота, 23 ноември 2024

Шварценегер ја поддржа Камала Харис: Трамп ќе ни донесе уште четири години глупости

Шварценегер ја поддржа Камала Харис: Трамп ќе ни донесе уште четири години глупости

Лос Анџелес, 30 октомври 2024 (МИА) – Поранешниот републикански гувернер на Калифорнија и филмска ѕвезда Арнолд Шварценегер најави поддршка за демократската претседателска кандидатка Камала Харис на изборите во САД следната недела.

Тој рече дека победата на Доналд Трамп ќе значи „уште четири години глупости“.

Во долга објава на X, Шварценегер (77) рече дека иако „не често поддржува кандидати“, „ја мрази политиката“ и не „им верува на повеќето политичари“, тој чувствува потреба официјално да ги поддржи Харис и Тим Волц.

- Секогаш ќе бидам Американец пред републиканец. Значи, гласам за Камала Харис и Тим Волц. Го споделувам ова со вас затоа што мислам дека многумина од вас се чувствуваат исто како и јас. Веќе не ја препознавате нашата земја и со право сте лути, се вели во објавата.

Тој нагласи дека моментално не е задоволен ниту од демократите, ниту од републиканците, бидејќи иако смета дека кај демократите има пораст на криминалот во помалите градови, тој ги обвинува републиканците дека го заборавиле терминот „слободен пазар“ и затоа што го зголемиле буџетскиот дефицит. јт/

Остани поврзан