• среда, 25 декември 2024

Шварценегер: Ја мразам политиката, но ќе гласам

Шварценегер: Ја мразам политиката, но ќе гласам

Лос Анџелес, 31 октомври 2024 (МИА) - Глумецот и поранешен гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, Арнолд Шварценегер се огласи за изборите во Америка и во подолга објава рече дека ја мрази политиката.

„Не се срамам да ги искажам своите ставови, но мразам политика и не им верувам на повеќето политичари. Исто така, разбирам дека луѓето сакаат да го слушнат моето мислење затоа што не сум само славна личност - јас сум и поранешен републиканец, гувернер... Победата на следните избори бара работа со другата партија, не навреда, и знам дека тоа не е привлечно за повеќето луѓе, но сакам, кога можам - да помогнам да се подобри животот на луѓето преку политички одлуки, како што сè уште правам на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Дозволете ми да бидам искрен со вас: Не ми се допаѓа ниту една партија во мигов“, напиша тој.

Тој е горд на својата работа додека бил гувернер. Меѓу другото, вели, успеал да отвори нови работни места и да го балансира буџетот.

„Моите колеги републиканци ја заборавија убавината на слободниот пазар, зголемените дефицити и ги отфрлија изборните резултати. Демократите не се подобри во справувањето со дефицитите и јас се грижам за нивните тесни политики коишто им наштетуваат на нашите градови со зголемениот криминал“, истакна Шварценегер.

„Ако сте нормален човек кој не е зависник од тие г**нарии, веројатно разбирате“, додаде во написот. 

Сепак, глумецот-политичар ќе гласа за Камала Харис, бидејќи „негласањето на избори е неамериканско“, како што рече.

„Мислам дека многумина од вас се чувствуваат исто како јас. Не ја признавате нашата земја и со право сте лути... Проблемите во Америка само се зголемуваат, а граѓаните се гневни Единствените луѓе кои имаат корист од оваа г**нарија се политичарите“, нагласи Шварценегер.

Според него, животот на луѓето е „само игра“ за политичарите, осврнувајќи се на Доналд Трамп како кандидат за претседател на САД.

„Треба да се лутиме. Кандидат кој нема да го почитува вашето право на глас, освен ако не е за него, кој ги испраќа своите следбеници на упад во Капитол додека тој гледа, и кој не покажал способност за политиката, освен околу даночните намалувања коишто им помагаат на богатите како мене, но на никој друг, кандидат кој мисли дека Американците кои не се согласуваат со него се поголем непријател отколку Кина, Русија или Северна Кореја - тој нема да ги реши нашите проблеми“, додава Арнолд.

„Ќе бидат ова само уште четири години глупости без резултати, што ќе нè направи погневни и полути, поподелени и поомразени. Мораме да го затвориме ова поглавје од американската историја, а знам дека Трамп нема да го стори тоа“, заклучи тој.  си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан