• сабота, 28 декември 2024

Шаќири: Реконструкциите на студентските домови не може да почнат додека не се решат имотно-правните прашања

Шаќири: Реконструкциите на студентските домови не може да почнат додека не се решат имотно-правните прашања

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Најавените реконструкции на студентските домови не може да отпочнат, сѐ додека не се реши нивниот имотно-правниот статус. Со промените во Законот за градба, поголемиот дел од студентските домови се наоѓаат на државно земјиште, а тоа е случај и со повеќе јавни установи во земјава, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

- Очекувам што побрзо да се решат имотно-правните статуси и да се доделат дозволите за градба, што треба да бидат дадени од одредени општини, за конечно да почнеме со реконструкција, рече Шаќири.

За реконструкцијата на „Стив Наумов“, министерот вели дека се реализира заедно со Германската банка и дека транспарентно известуваат во која фаза е постапката.

Во врска со субвенционираниот студентски оброк, Шаќири рече дека над 70 проценти од студентите веќе ги имаат земено картичките и дека оваа акдемска година средствата за студенски оброк се зголемени од 120 на 140 денари дневно.  

Студентите, како што посочи, треба на дневна основа да ги трошат средствата за оброк, а нивните барања се да има повеќе достапни економски оператори. ра/бак/ 

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан